Фондацијата на Бил Гејтс разви систем за надзор на вакцинацијата

Сподели со своите пријатели

„Невидливата тетоважа“ е патент изработен од полупроводливи мали кристали кои ја рефлектираат светлината и сјаат под инфрацрвена светлина. Патентот ќе биде инјектиран со вакцините со високотехнолошки микроигли.

Loading...

Истражувачите на тој начин ќе ги следат луѓето и ќе знаат дали биле вакцинирани. Микроиглата ќе остави трага со мастило, што е видливо под инфрацрвени зраци.

„Во области каде што евиденцијата за вакцинирање често се губи или воопшто не постои, електронската база на податоци е напредок. Оваа технологија може да обезбеди брза и анонимна заштита за историјата на вакцинирање на пациентите. Ова ќе обезбеди секое дете да се вакцинира”, рече научникот Кевин Мекхју.

Истражувањето беше финансирано од фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, која се бори против искоренувањето на детска парализа и сипаници ширум светот, пред се со вакцинирање.

Научниците веќе го пробале патентот и откриле дека жигот на стаорци останува видлив девет месеци по инјекцијата, додека на човечки тела останува пет години.

„Можно е овој пристап да создаде нова база на податоци во иднина, особено во неразвиените земји“, вели истражувачот Роберт Лангер.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ претходно беше критикувана за проектот за вакцинација во 2009 година во Индија.

Во тоа време, неколку училишта во Телангана, каде учат деца од племињата, учествуваа во студијата на неколку вакцини против карцином на матката, кои им беа давани на илјадници девојчиња од девет до 15 години.

Loading...

Девојчињата добиле тристепена вакцина „Гардасил“ против папиломавирус, под надзор на државните здравствени установи. Беа вакцинирани 16.000 девојчиња, но неколку месеци по вакцинирањето, многумина се разболеа и пет девојчиња починаа.

Комитетот за здравство и семејство кое го истражува ова тестирање во Индија достави извештај во 2013 година во кој се вели дека студијата не е безбедна.

Беше посочено дека грубо се кршат медицинските стандарди и дека во многу случаи децата давале отпечатоци од прсти како знак на согласност, иако не знаеле за какво испитување станува збор.

Leave a Reply