Фон дер Лајен: Враќањето кон руските енергенси би било стратешка грешка

Сподели со своите пријатели

Европа би направила стратешка грешка ако се обиде да го ублажи порастот на цените на енергијата со враќање кон руските фосилни горива, изјави денес, 11 март, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Во сегашната криза, некои тврдат дека треба да ја напуштиме нашата долгорочна стратегија, па дури и да се вратиме на руските фосилни горива. Ова би била стратешка грешка“, изјави Фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент, пренесува Ројтерс.

Фон дер Лајен изјави дека Европската Унија подготвува опции за намалување на цените на енергијата, вклучително и подобра употреба на договорите за купување енергија, мерки за државна помош и субвенции или ограничувања на цените на гасот, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите го нападнаа Харков: Има мртви

Таа со тоа го пренесе ставот на Европската комисија за најавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека е подготвен да укине дел од санкциите против Русија со цел да се намалат цените на нафтата.

Цената на нафтата вчера ја надмина границата од 100 долари за барел поради војната во Иран и блокадата на стратешкиот Ормузски теснец, што доведе до проблеми со снабдувањето од земјите од Персискиот Залив.

„Нашиот избор да ја диверзифицираме енергијата кон домашни обновливи извори и нуклеарна енергија се исплатеше. Но, не сме имуни на ценовни шокови. Домаќинствата и компаниите денес се соочуваат со притисок. Затоа треба да обезбедиме помош сега. Треба сеопфатно да разгледаме како можеме да ги намалиме сметките за енергија на луѓето“, рече фон дер Лајен во објава на Платформа X.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Унгарија и Словачка можат да блокираат заем за Украина, ЕУ бара заобиколен пат

Таа изјави дека „може да се земат предвид четири компоненти на цената: цената на самата енергија, мрежните трошоци, даноците и надоместоците и трошоците за јаглерод“.