Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази недвосмислена поддршка за идејата Украина да стане членка на европскиот блок, велејќи дека земјата која сега е нападната од Русија е „една од нас“.
Loading...
Фон дер Лајен зборуваше за „Евроњуз“, откако ЕУ за прв пат во својата историја одлучи да испрати оружје во земја која е во војна.
Неименуван извор изјави за Ројтерс дека ЕУ на Украина ќе и испрати оружје во вредност од 450 милиони евра.
„Тие се едни од нас и ние ги сакаме во ЕУ“, изјави Фон дер Лајен за Euronews.
Украина, земја со 44 милиони жители, стана независна во 1991 година и долго време се обидува да влезе во НАТО и во Европската унија, на што Русија се противи.