Фон дер Лајен: Мора да се подготвиме за најлошото можно сценарио со гасот

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во интервју за шпанскиот весник „Ел Мундо“ зборува за снабдувањето со гас и порача дека Европската унија треба да се подготви за најлошото можно сценарио.

Loading...

– Мора да останеме обединети бидејќи тие се единствените одговорни за оваа енергетска криза во Москва и никаде на друго место. Со оглед на тоа што Русија веќе делумно или целосно ја прекина испораката на гас за 12 земји-членки, сите мора да бидеме подготвени на најлошото – нагласи таа.

Таа истакна дека некои земји од ЕУ се повеќе зависни од рускиот гас „или поради нивната географска положба или поради нивните суверени енергетски одлуки“ и додаде дека овие земји сега се во поранлива позиција, но дека економиите на земјите-членки се поврзани преку единствениот пазар. Таа нагласи дека ЕУ сега се свртува кон посигурни енергетски партнери.

– Веќе достигнавме рекордни количини на испораки на течен природен гас од Соединетите Американски Држави, зголемување на обемот на гас од Норвешка, земјите од Персискиот залив, Алжир или регионот на Каспиското Море и се поголем број земји ширум светот.

Во првата половина на 2022 година увезовме дополнителни 38 милијарди кубни метри ЛНГ и гас преку цевководи кои не се од Руската Федерација.

Ова повеќе од компензира за намалувањето од 28 милијарди кубни метри снабдување со гас преку рускиот гасовод – изјави фон дер Лајен.