Фон дер Лајен и Трудо: ЕУ и Канада се целосно усогласени во спротивставувањето на војната на Путин

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на својот профил на Твитер објави дека разговарала со Џастин Трудо, премиерот на Канада.

– Добар разговор со мојот пријател Џастин Трудо. Европската унија и Канада се целосно усогласени во спротивставувањето на војната на Путин. Работиме заедно за да ја поддржиме Украина, изјави фон дер Лајен.

 

Заврши средбата Лавров – Кулеба: Постигнат ли е некаков договор?

 

Таа наведе дека разговарале и за патот на Европската унија кон независност од руската нафта, гас и јаглен и оти Европската унија и Канада ќе ја зајакнат соработката со суровините.