Фон дер Лајен: ЕУ сака договор, но е подготвена за сите сценарија со царините на Трамп

Сподели со своите пријатели

Европската Унија тесно соработува со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување трговски договор, но Брисел се подготвува за сите сценарија, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Loading...

„Се држиме до нашите принципи, ги браниме нашите интереси, продолжуваме да работиме со добра волја и се подготвуваме за сите сценарија“, изјави фон дер Лајен за време на нејзиното обраќање пред Европскиот парламент, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави се „веројатно два дена“ од испраќање писмо до Европската Унија за воведување нови царини за увоз во САД и додаде дека доцнењето се случува затоа што ЕУ сега „се однесува многу убаво“ кон САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавена тајна снимка: Трамп му се заканува на Путин: Ќе ја разнесам Москва со бомби

„Европската Унија разговараше со нас, со Урсула (фон дер Лајен) и со целата група, и тие беа многу љубезни“, рече Трамп, објави Гардијан.

Тој повтори дека до неодамна ЕУ се однесуваше кон САД „многу лошо и во многу аспекти многу полошо од Кина“.

Трамп вчера изјави дека планираните царини ќе стапат на сила на 1 август и дека нема да има понатамошни продолжувања.

Тој рече дека некои од земјите за кои се воведуваат царините биле известени со писмо во понеделник, додека други го добиле официјалното известување во текот на вчерашниот ден.

Трамп извести најмалку 14 земји за новите царински стапки што ќе стапат на сила на 1 август, истакнувајќи дека таквите царински политики би можеле да се променат со трговски договор.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските индекси во пораст, нафтата скокна на 70 долари за барел, цените на златото паднаа