Фон дер Лајен: Ако Русија ја нападне Украина ќе биде исклучена од меѓународните финансиски пазари

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека доколку Русија ја нападне Украина, таа ќе биде исклучена од меѓународните финансиски пазари, а притоа оневозможува пристап до основните увозни производи, пренесува денеска Ројтерс.

Loading...

Ќе бидат воведени санкции за сите производи што ги правиме, а на Русија итно и се потребни за да ја модернизира и диверзифицира својата економија, без можност за замена, изјави фон дер Лајен.

Таа изјави дека санкциите ќе бидат воведени само во случај на напад на Украина.

Урсула фон дер Лајен оцени дека потпирањето на извозот на фосилни горива е слабост на Москва.

– Тоа претставува две третини од рускиот извоз и извор на половина од државниот буџет. Русија треба да се модернизира, што нема да биде возможно доколку се воведат нови санкции, изјави Урсула фон дер Лајен.