Германскиот автомобилски гигант Фолксваген најави дека ќе го прекине производството на возила во Русија до понатамошно известување поради рускиот напад врз Украина и веднаш ќе го прекине извозот.
Запрен е извозот на Audi, Porsche и Škoda
VW има фабрики во Калуга, југозападно од Москва, и во Нижни Новгород, каде што планира да го прекине производството.
Во соопштението се додава дека автомобилите на групацијата VW, вклучувајќи ги Audi, Porsche и Skoda, нема да се извезуваат во Русија.
Водењето бизнис со Русија стана значително потешко од почетокот на руската инвазија на Украина поради санкциите наметнати на Москва од меѓународната заедница.
Водечката германска бизнис асоцијација ДИХК оцени дека санкциите всушност претставуваат целосно ембарго.
Кои се најблиските соработници на Путин задолжени за војната?
Германските производители на автомобили се погодени од војната во Украина преку прекини во синџирот на снабдување, особено со кабли.
Така, VW во посебно соопштение објави дека поради украинската криза привремено го прекинува производството во две полски фабрики, посочувајќи и на прекинот на синџирот на снабдување.