Доцна вчеранавечер, поточно околу 23:10 минути дваесет и шестгодишниот К.Ф. од Ирак бил физички нападнат, а потоа и ограбен од страна на засега непознати лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.ќ
Настанот се случил на железничката станица во Демир Капија, кога неколку непознати лица физички го нападнале К.Ф. удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на телото и главатадодека истиот спиел, а потоа му одзеле мобилен телефон и 50 евра.
Полицијата извршила разговор со лице кое го сомничи за извршување на оваа кривично дело, а се работи за малолетно лице на возраст од 16 години. Разговорот бил зивршен во присуство на родител на детето, а се работи за утврдување на евентуална инволвираност оа останатите лица.
По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.