Секторот за внатрешни работи Куманово за четири одвоени случаи до надлежното ОЈО поднесе известувања против лицата Н.П. (26), М.Ј. (47), Б.Ѓ. (51) и Д.М. (39) сите од Куманово, како и против правните лица во кои лицата биле управители: ДПТУ „СТЕНИКО БАР“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, ДПТУ „ВЕРМА-БЛУ“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово-Подружница Франш Куманово, ДПТУ „ПАДРОНЕ“ ДОО Куманово и ДПТУ „ПИНУС КОМПАНИ“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, а за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Исто така во врска со тие случаи поднесено се и известување и против лицата О.П. (58) од Кратово, В.Л. (64) и А.Т. (52) двете од Куманово, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Имено во текот на 2017 година, пријавените Н.П., М.Ј. Б.Ѓ. и Д.М. и нивните фирми постапувајќи спротивно на Одобренијата за вршење дејност пред деловен објект изградиле метални конструкции (натстрешници) на парцели сопственост на Република Македонија., односно узурпирале вкупно околу 170 метри квадратни земјиште сопственост на Р.М. Пријавените О.П. и А.Т. (во еден случај) како овластени градежни инспектори во Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, при извршена контрола, констатирале дека изградбата на објектите е спротивна на Законот за градење, по што со решение наредилeотстранување на бесправно изградените конструкции.
Откако инвеститорите не ги отстраниле градбите, О.П. и А.Т. донеле Заклучоци за дозвола за извршување и за понатамошна постапка ги предале предметите на В.Л., раководител на сектор за инспекциски надзор – Инспекторат, при што не изрекле парични глоби на правните и одговорните лице во износ од по 9.100 евра на штета на Буџетот на Р.Македонија.
Пријавената В.Л. не извршила должен надзор над работењето на градежниот инспектор, а отстранувањето на бесправно изгрaдениот објект не го ставила во Програмата за уривање и не презела натамошни активности и мерки против инвеститорите и овластените лица.