Физичка пресметке рано утринава се случила пред угостителски објект во Куманово во која учествувале повеќе лица, а нападнат бил и полициски службеник.
– На 21.06.2021 околу 04.30 часот на паркинг пред угостителски објект во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово биле приведени Б.К.(25) од с.Кучкарево, Ф.В.(21) од Скопје, А.А.(23) и И.С.(22), двајцата од Куманово, бидејќи откако Б.К. физички го нападнал Д.М.(21) од Скопје, приведените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а Б.К. агресивно се однесувал и физички нападнал и полициски службеник кој вршел службени дејства, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски