Физичка пресметка меѓу кумановец и скопјани

Сподели со своите пријатели

Четири лица викендов учестувале во физичка пресметка во близина на угостителски објект во Скопје, а едно од лицата било дваеет и петгодишен жител на Куманово.

Loading...

– На 29.08.2021 во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачје на Центар по претходно недоразбирање е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(44) и Ж.Н.(43) двајцата од Скопје, од една страна и М.М.(25) од Куманово и С.С.(26) од Скопје, од друга страна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11  од ЗППЈРМ, додаваат од полицијата.

Никола Ивановски