Фирмата ”Златен Клас” од Куманово осомничена за вмешаност во криминал тежок 935 илјади евра

Сподели со своите пријатели

Управата за финансиска полиција откри случај на добро организиран финансиски криминал во кој како главен актер и организатор се јавува лицето С.С од Штип, инаку пензионираниот полковник на АРМ.

Loading...

Финансиската полиција спроведе предистражна постапка кај фирмите Стар Груп од Скопје, Витамин Ага од Гостивар, Ванекс од Тетово, Златен Клас ДООЕЛ Куманово, Златен Клас Род Куманово и Златен Клас Џуна исто така од Куманово, при што откри постоење на основано сомневање за сторен финансиски криминал тежок 935.000 евра.

Според податоците од предистражната постапка, шестте осомничени фирми преку нивните сопственици и управители во изминатите неколку години најголем дел од нивното деловно работење го вршеле незаконски, односно прозводите кои ги произведувале или увезувале од странство, ги продавале за готови пари, на црно без притоа да ги пресметаат и да ги платат даночните обврски кон државата.

До основното јавно обвинителство во Скопје поднесена е кривична пријава против лицата Х.Д сопственик и управител на правниот субјект Стар Груп ДОО Скопје и С.С од Штип.

Првопријавениот Х.Д во својство на сопственик и овластен потписник на правниот субјект Стар Груп ДОО, во период од 2011 до 2014 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупна вредност од 428.000 евра, ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство.

Со ваквата постапка сопственикот на Стар Груп ДОО од Скопје се стекнал со противправна имотна корист во иснос од 163.000 евра на име затаен данок.

Најголем финансиски криминал сепак е откриен во кумановските фирми Златен Клас ДООЕЛ, Златен Клас Род и Златен Клас Џуна. И овде организатор е истиот С.С од Штип заедно со неговиот партнер Р.Т истотака од Штип.

Првопријавен за овој случај е М.П сопственик и управител на правниот субјект Златен Клас ДООЕЛ Куманово кој се сомничи дека во периодот 2011-2013 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист на штета на државниот буџет, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупен износ од 415.000 евра ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да плати данок во износ од 116.000 евра.

Loading...

Првопријавениот М.П со својот поход за неосновано богатење на сметка на Република Македонија и други коминтенти со кои имал деловна соработка, не запрел тука. Имено, свесен дека има заостанати обврски по основ на закупнина за користење на државно земјоделско земјиште за тековните години 2010, 2011, 2012 и 2013 година за што на Министерство за Земјоделство, шумарство и водостопанство му должел вкупно 132.000 евра и свесен дека на Фабриката за квасец и алкохол АД Битола по основ на набавена стока и должи сума од 122.000 евра, решил во целост да го обезвредни правниот субјект Златен Клас ДООЕЛ Куманово на начин што целокупниот имот на фирмата во текот на 2014 година наводно го продал на фирмата Златен Клас РОД – фирма во сопственост на неговата сопруга Р.П. Доказ дека продажбата на имотот е фиктивна говори и фактот дека купувачот не извршил плаќање за купениот имот. И во оваа фингирана трансакција М.П сторил финансиски криминал бидејќи при наводната продажба не е пресметано и платено ДДВ во износ од 105.000 евра.

За да се прикријат кривичните дела сторени со правниот субјект Златен Клас ДООЕЛ Куманово, првопријавениот М.П ги ангажирал штипјаните С.С и А.Д кои на 05.05.2014 година успеале правниот субјект фиктивно без надомест да го префрлат со сите права и обврски на бугарскиот државјанин Асенова Сашева Џуна од Ќустендил. За добро завршената работа, С.С од газдата на Златен Клас ДООЕЛ си наплатил награда од 500 евра а на бугарската државјанка кој не била свесна дека е измамена и платил сума од 50 евра.

Со четирите поднесени кривични пријави до Основните јавни обинителства во Скопје, Гостивар, Тетово и Куманово за кривичните дела „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“, и „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, пријавени односно осомничени се вкупно 8 физички и 6 правни лица за вкупна штета од 935.000 евра.