Финскиот претседател со сопругата во Киев: Еве за што ќе разговара со Зеленски

Сподели со своите пријатели

Финскиот претседател Александар Стуб денес пристигна во Киев, главниот град на Украина, каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави шефот на украинскиот претседателски кабинет Андриј Јермак.

Тој рече дека за време на посетата, Стуб ќе разговара за безбедносни проекти, европска интеграција, инвестиции во инфраструктура и безбедносни гаранции со Зеленски, пренесува Ројтерс.

Кабинетот на финскиот претседател објави на својата веб-страница дека Стуб и неговата сопруга Сузан Инес Стуб денес ја посетуваат Украина.

Според најавата, Стуб Зеленски денес во Киев ќе разговара за:

– актуелната ситуација во Украина

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците објавија снимка: „Погодивме руски брод“ (ВИДЕО)

– напорите за прекин на руската агресија

– поддршката на Финска за Украина

Финска е дел од „коалицијата на подготвените“ и е вклучена во безбедносните аранжмани што моментално се подготвуваат.

Сопругата на финскиот претседател, Инес Стаб, присуствува на самит организиран од Олена Зеленска, сопругата на претседателот на Украина, за улогата на образованието во промовирањето на мирот.

Годишниот самит на први дами и господа, организиран од Зеленска, ги собира сопругите на светските лидери и експерти од различни области кои дискутираат за глобалните предизвици, се вели во соопштението за медиумите на финското претседателство.