Финскиот претседател: Русија користи оружје за масовно уништување

Сподели со своите пријатели

Финскиот претседател Саули Ниинисто во понеделникот изјави дека двете страни во војната во Украина користат потешко оружје, во рускиот случај дури и термобарични бомби.

Loading...

„Ја поддржуваме Украина со сè потешко оружје. Од друга страна, Русија исто така почна да користи многу моќно оружје, термобарични бомби, кои всушност се оружје за масовно уништување“, изјави Ниинисто за време на разговорите за безбедносната политика во неговата летна резиденција во Наантали, пренесува Ројтерс.

Украина и земјите од НАТО, исто така, ја обвинија Русија за употреба на термобарични бомби.

Тоа се оружја познати како вакуум бомби кои се многу поуништувачки од конвенционалните експлозиви.

Поголемиот дел од Северодонецк е во руски раце

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќното видео обраќање во неделата рече дека украинските бранители жестоко се борат за „секој метар“ од Северодонецк.

Руските сили го зазедоа поголемиот дел од Северодонецк, уништувајќи делови од градот во еден од најкрвавите напади од инвазијата на Украина на 24 февруари, а победата таму би можела да им даде поттик во пошироката борба за контрола на источниот украински регион Донбас.

Тие уништија и мост на патот кон друг град, оставајќи ги цивилите само со еден излез.

Зеленски рече дека сликата на 12-годишно момче ранет во рускиот напад сега е трајно лице на Русија низ целиот свет.

Loading...