Финскиот претседател и премиер го поддржаа членството на земјата во НАТО

Сподели со своите пријатели

Финскиот претседател Саули Ниниста и премиерката Сана Марин го поддржаа членството на земјата во НАТО, соопштено е денеска.

Loading...

Во заедничката изјава тие рекоа дека членството во НАТО е неопходно бидејќи ја делат границата со Русија и имаат тешко минато зад себе.

– Финска мора да аплицира за членство во НАТО, без одлагање – се нагласува во заедничката изјава на претседателот и премиерот на Финска.

Откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, Финска почна потесно да соработува со НАТО.

 

Грузискиот одметнат регион сака да се приклучи на Русија: „Чекаме сигнал од Москва“

 

Засега Финска не сакаше да влезе во Алијансата за да одржува добри односи со Русија.

Loading...

Сојузниците во НАТО очекуваат дека Финска наскоро ќе добие членство, а доказ за тоа се зборовите на петмина дипломати и официјални лица кои го потврдија тоа.

Да потсетиме, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон вчера вети дека земјата ќе ги брани Шведска и Финска во случај на потенцијална руска закана, а договори за безбедност потпиша во Стокхолм и Хелсинки.