Парламентот на Финска денеска гласаше за закон кој ќе дозволи бариери на границата на земјата со Русија и ќе дозволи границата долга 1.300 километри да биде затворена за барателите на азил во исклучителни околности.
Законот ќе ѝ овозможи на владата да одлучи да изгради огради или други бариери во близина на финските граници и да ги насочи сите барања за азил на еден или повеќе гранични премини, како што е аеродромот, пренесува Танјуг.
Предлог-законот, иако е контроверзен според правилата за азил на Европската унија, беше усвоен со мнозинство во парламентот, што му овозможи да го забрза законодавството, поради стравувањата дека Русија би можела да возврати на плановите на Финска да се приклучи на воената алијанса на НАТО.