Финската полиција истражува мистериозен дрон на границата

Сподели со своите пријатели

Полицијата потврди дека на мразот во езерото Пихајарви во општина Парикала е пронајден дрон од странско потекло.

Главниот инспектор Јука Ланкинен од полициската управа на Југоисточна Финска изјави дека сè уште не е познато од која земја потекнува дронот и дали содржел боева глава или експлозив.

Граничната патрола ја опколи областа откако го забележа дронот за да овозможи истрага.

Изолацијата траеше до синоќа, кога семејствата беа евакуирани од 10 згради, вклучително и куќички, рече Ланкинен.

Истражителите се соочени со отежнат пристап поради тенок мраз на езерото.

Иле рече дека областа во северниот дел на Парикала, вклучувајќи го и рибарското пристаниште Укуниеми, во моментов е недостапна и воведена е зона на забранети летови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Потона чамец со мигранти во Турција, најмалку 18 загинати

„Дронот во одреден момент ќе мора да биде отстранет од мразот, бидејќи жителите нема да можат да се вратат додека не се отстрани“, додаде Ланкинен, нагласувајќи ја сложеноста на истрагата во услови на густа магла и слаба ледена површина, пренесува Танјуг.