Финска планира да изгради ограда на границата со Русија

Сподели со своите пријатели

Финските парламентарни партии се договорија за изградба на ограда на делови од границата со Русија, јави денеска ДПА.

Loading...

„Се работи за тоа да се осигураме дека границата е добро контролирана и дека можеме превентивно да влијаеме на ситуациите што би можеле да се појават на границата“, изјави финската премиерка Сана Марин за финското радио YLE по состанокот на партиските лидери во вторникот вечерта.

Таа рече дека владата сега сака да подготви предлози за пилот проект за кој парламентот ќе гласа подоцна оваа година.

Изградбата на мал дел од оградата на југоистокот од земјава треба да даде повеќе информации за условите и трошоците, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Членка на НАТО крена борбени авиони поради големиот руски напад

Трошоците ќе изнесуваат стотици милиони евра

За финалната изградба на оградата, која според предлогот на финската гранична служба би можела да се гради на 130 до 260 километри од финско-руската граница, ќе се гласа следната година.

Според граничната служба, трошоците се проценуваат на „стотици милиони евра“, а изградбата се очекува да трае три до четири години.

Дел од опозицијата во вторникот вечерта ги критикуваше трошоците и времетраењето на планираната изградба.

Финска има 1300 километри долга граница со Русија.

Loading...