Финска одбива да спроведе мерки за изолација во училиштата, смета дека е неефикасно

Сподели со своите пријатели

Локалните власти во Финска одбија да спроведат строги мерки за изолација во училиштата за да се запрат инфекциите со коронавирус.

Loading...

Одлуката е донесена и покрај советите од владата на земјата.

Финската министерка за семејство и социјални услуги Криста Киуру во петокот предупреди дека коронавирусот може да стане најголемата хронична болест во земјата, а дека во опасност се и децата, пренесува Ројтерс.

Таа, исто така, изрази стравување дека враќањето во училиштата не е безбедно и ги повика локалните власти да воведат строги карантински мерки според кои инфекцијата со коронавирус на еден ученик би резултирала со карантин за целото одделение изложено на вирусот.

Главниот епидемиолог во Хелсинки, Таина Исосомпи, изјави за Ројтерс дека општините во главниот град нема да го следат советот на министерот.

„Би било непропорционално да се спроведе карантин од големи размери во училиштата, кога тие за почеток не беа ризична средина“, рече Таина Исосомпи.

Таа исто така додаде дека воведувањето карантински мерки повеќе не е ефикасен начин за контрола на епидемијата.

Повеќе од една година, главната стратегија на владата за борба против пандемијата на коронавирус, наводно, била тестирање и следење на инфекции низ општеството, но оваа недела, локалните власти почнаа отворено да протестираат против мерките.

Loading...

Финските власти препорачаа сите кои имаат симптоми на вирусот, вклучително и децата, да останат дома на доброволна основа.

Британската агенција во извештајот наведува дека финската влада не била веднаш достапна за коментар.