Финска не планира да распореди нуклеарно оружје на своја територија по влезот во НАТО, објави финскиот портал YLE News, повикувајќи се на финскиот претседател Саули Нииниста.
Loading...
Во таа прилика, финскиот претседател додаде дека „нуклеарното оружје е составен дел на одвраќачката сила на НАТО“, но дека тоа е „средство за превенција, а не цел сама по себе“.
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависта претходно исто така рече дека Финска нема намера да распореди нуклеарно оружје на своја територија откако ќе стане членка на НАТО.