Финска има „најкул“ премиерка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Премиерката на Финска, Сана Марин, повторно го привлекува вниманието на светот кон својот начин на живот, откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое таа се забавува и се дружи со нејзините пријатели, предизвикувајќи мешани коментари.

Loading...

Финските медиуми пренесуваат дека Марин на видеото била во друштво на неколку јавни личности.

Таа беше придружувана од уметникот Алма и нејзината сестра Ана, инфлуенсерката Јанита Аутио, водителката Тини Викстром, радио водителката Каролина Туоминен, стилистката Веса Силвер и пратеникот Илмаријр Нурминен.

Финскиот спортски водител, Алекси Валавуори, жестоко го критикуваше нејзиното однесување, а на видеото кое го објави на Твитер се гледа како Сана Марин клечи на подот додека танцува и прави гримаси.

„Ова е премиерката на Финска, Сана Марин. Некои велат дека е кул… Можеби за тинејџери. Но, да се биде одговорен лидер на земја среде криза? Таа е најнеспособната премиерка што некогаш сме ја имале. Таа не знае ништо. Ве молиме земете ја кожената јакна и поднесете оставка. Ви благодариме“, напиша тој на Твитер.

Фински економист, исто така, ја критикуваше дека се забавувала додека земјата се подготвува за ограничувања среде енергетската криза.

Од друга страна, имаше и такви кои ја пофалија.

„Таа е доказ дека кога работите напорно, можете да се забавувате“, гласи еден коментар.

Loading...

„Сана Марин станува симбол на напредок и тоа ми се допаѓа. Да баравме дозвола од овие конзервативци, немаше да имаме ниту жена премиер“, гласи друг коментар.

Премиерката го привлече вниманието кон себе затоа што сака да посетува бројни фестивали. Минатиот месец дојде на фестивалот Руисрок во Турку, Финска, облечена во кожна јакна и кратки тексас шорцеви.

Таа беше во центарот на вниманието и минатата зима кога беше откриено дека се забавувала среде пандемијата на Ковид, кога важеа препораките да се остане дома поради коронавирусот.

По силната реакција на јавноста, таа им се извини на граѓаните.

Исто така, јавноста беше изненадена од фотографијата на која таа има длабоко деколте.

Погледнете го видеото како танцува премиерката на Финска:

 

 

Loading...