Финска има 100.000 работни места и тоа е најголемиот проблем во државата

Сподели со своите пријатели

Финска се наоѓа во големи проблеми, помалку необични за нашите услови, затоа што има 100.000 слободни работни места кои не успева да ги пополни, поради што тамошната влада е подготвена за посебен закон.

Недостатокот од работна сила во таа земја стана национален проблем. Министерот за енокомија, Мика Линтила се вратила од туренеја по целата семја и изјавил како секаде имаат слободни работни места на кои никого не успеваат да вработат. проблемо е најголем во главниот град Хелскинки.

Надлежните служби пресметале дека во Финска моментално има околу 100.000 слободни работни места кои не успеваат да да ги пополнат со 300.000 невработени Финци, затоа што не се квалификувани за истите. Финска ужива во зголемен економски раст кој е потикнат благодарение на супесите на тамошните бродоградилишта и автомобилската индустрија.

Фабриката за автомобили во градот Усикаупунки треба до летово да вработи над илјада нови работници. Силниот раст е забележан и во шумските и градежни дејности каде исто така има деифицт од квалификувана работна сила.

Финската влада затоа подготвува нов закон кој би требало да биде претставен до крајот на април, а во кој ќе се понудат преквалификации и да ги потикнуваат работниците да се преселат во подрачја во кои има слободни работни места и да му се исплаќаат патните трошоци.

Министерот Линтила изјавил дека владата размислува за тоа како да го зголеми уделот на доселениците на финскиот пазар на трудот кој е многу помал во однос на соседните држави.

 

Loading...