Финска им дава 15 воени бази на Американците

Сподели со своите пријатели

Финскиот парламент едногласно го одобри Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) меѓу Финска и Соединетите Американски Држави, со кој на американската војска и се дава право да користи 15 локални воени објекти.

Loading...

Договорот за одбранбена соработка го олеснува движењето и операциите на американските трупи во Финска.

Врз основа на договорот, американската воена опрема и војници би можеле да бидат стационирани во Финска, објавија финските медиуми.

Договорот веќе беше потпишан во декември, но финскиот парламент не го одобри.

Пратеничката Ана Контула од Левиот сојуз предложи да се одбие договорот, но нејзиниот предлог не беше поддржан.

Уставната комисија заклучи дека договорот мора да биде одобрен со двотретинско мнозинство пратеници и, според мислењето на комисијата, договорот во голема мера е во согласност со Уставот.

Слични договори за одбранбена соработка САД имаат со повеќе од 20 земји.