Унгарскиот парламент ќе расправа за ратификацијата на приемот на Шведска и Финска во НАТО за време на есенската сесија по усвојувањето на низа закони поврзани со ЕУ, изјави шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.
„Финска и Шведска се наши сојузници и можат да сметаат на нас“, рече Гергеј Гујас, пренесе Ројтерс.
Унгарија и Турција се единствените членки на алијансата кои сè уште не го одобрија приемот на две нови членки.
„Нашата цел е Собранието да ја ратификува нивната апликација пред крајот на оваа година. Отсекогаш велевме дека ја поддржуваме ратификацијата“, рече Гуљас.
Владата на Орбан ги поднесе соодветните нацрт-закони во средината на јули, но Парламентот допрва треба да ги одобри законите, иако неговата владејачка партија Фидес има двотретинско мнозинство.