Финска по петти пат ја понесе титулата најсреќна земја за живот, се наведува во извештајот за светска среќа (World Happiness Report) во публикацијата на Мрежата на ОН за одржлив развој.
Меѓу десетте најсреќни земји оваа година се Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.
Светскиот извештај за среќа проценува 146 земји и зема предвид индикатори како што се очекуваниот животен век, социјалната поддршка, корупцијата и други.
Од земјите во регионот, најсреќно место за живеење е Словенија, која е на 22 место, потоа Косово на 32, Србија на 43, Хрватска 47, БиХ на 67, Црна Гора на 75.
Македонија се наоѓа на 89 место од вкупно 146 држави. Сепак посреќни сме од лани кога сме биле на 94то место.
Споредено со лани, од земјите во регионот само БиХ и Црна Гора паднале за неколку места.
Според минатогодишниот извештај, Словенија беше на 29 место, Косово на 31, Србија на 48, Хрватска на 60, БиХ на 64, Црна Гора на 70 и Северна Македонија на 94 место.
Соединетите Американски Држави паднаа на 16-то место од 14 минатата година, Велика Британија на 17, што е пораст од минатогодишното 18-то, а Франција е непроменета на 20-тото место.
Русија е на 80. место во однос на 60. место минатата година, додека Украина е на 98. место, наспроти 69. минатата година.
Најнесреќни земји според ОН се Авганистан кој е на последното место и Либан.
Првиот светски извештај за среќата беше објавен во 2012 година.

