Финска ќе ја ревидира својата безбедносна политика за да одлучи дали ќе се приклучи на НАТО, изјави денеска претседателот Саули Ниинисто.
Новиот извештај доаѓа само 18 месеци по последната проценка на владата, но поради руската инвазија на Украина, владата смета дека е неопходно да се преиспита нејзината безбедносна политика.
Британија: Загрижени сме дека Путин ќе употреби хемиско оружје
Традиционално, Финците се претпазливи кон Русија, земја со која делат 1.340 километри долга граница и со која водеа две војни во 1939 и 1944 година и изгубија значителен дел од својата територија.
НАТО не уживаше ни поддршка од населението, а Алијансата вообичаено ја поддржуваа само околу 20 проценти од Финците, но во изминатиот месец поддршката за Алијансата предводена од САД е зголемена.
„Откако ќе се анализираат ризиците и алтернативите, ќе дојде време за заклучоци“, рече Ниинисто, но не кажа кога може да се очекуваат владините заклучоци.
„Имаме сигурни решенија за нашата иднина. Треба темелно да ги разгледаме. Не со одлагање, туку внимателно“, рече претседателот.