Филмска приказна од Олимпијадата: Го погрешил стадионот, немал пари да се врати, една девојка му дала пари и станал шампион (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На Олимпијадата во Токио, Јамајчанецот Хансл Парчмент влегол во погрешен автобус и, наместо на Олимпискиот стадион, се нашол на местото каде се одржуваат пливачките натпреварувања.

Loading...

Единствениот начин да стигне до финалната трка бил да земе такси, но тој немал доволно пари во себе.

 

 

Тогаш во целата приказна се вмешала млада Србинка Тијана Стојковиќ, која работела како волонтер на Олимписките игри. Веднаш му дала пари на Парчмент и тој во последен момент стигнал на стадионот, каде освоил златен медал во спринтот на 110 метри со пречки.

 

 

Loading...

Кога завршило се, не ја пронашол Тијана толку лесно, но кога ја пронашол и подарил маица и и ги вратил парите, со тврдења дека таа е заслужна што тој се запишал во историјата како Олимписки шампион.

Златниот олимпиец сето тоа го снимил, па дури се огласил и премиерот на Јамајка, кој Тијана во знак на благодарност ја повикал на гости.

Не е тешко да се биде човек!

 

 

 

Loading...

M.Ф