Доказ дека упорноста се исплати е видеото од една свадба.
На видеото се гледа како невестата фрла бидермаер во група девојки зад неа. Девојките се наредиле зад неа, чекајќи која од нив ќе има среќа да го фати.
Во моментот кога една од девојките почнува да го фаќа букетот што невестата го фрлила зад неа, другата скока и го фаќа, туркајќи ја и удирајќи ја другата девојка.
Според стариот обичај, девојката што ќе го фати бидермаер ќе биде следната што ќе се омажи, а оваа снаа штотуку решила да заплови во свадбените води .