Запрашан за очекувањата од претстојните Локални избори и соработката со ВМРО-ДПМНЕ, Министерот за правда Игор Филков во интервјуто за КУРИР вели дека ова не е само коалиција.
„Ова е фронт за враќање на државата. Затоа и им пречиме. Затоа и почнаа со етикети. Но оваа генерација на политичари нема да биде заложник на старите матрици. Локалните избори ќе покажат дека граѓаните сакаат луѓе со став, со морал и со резултати.
Министерот за правда и претседавач на ЦО на ЗНАМ, Игор Филков очекува дека одредени политички структури ќе се обидат да креираат хаос и недоверба, особено кога губат влијание, но потенцира дека граѓаните сѐ повеќе ги препознаваат тие обиди.
,,Наши клучни општини се Куманово и Центар. ЗНАМ ќе има свои кандидати и во неколку други општини. Во координација сме со ВМРО-ДПМНЕ таму каде што има вистински, проверени, силни кандидати. Градиме соработка таму каде што има капацитет, одговорност и визија.
Ова не е само коалиција. Ова е фронт за враќање на државата. Затоа и им пречиме. Затоа и почнаа со етикети. Но оваа генерација на политичари нема да биде заложник на старите матрици. Локалните избори ќе покажат дека граѓаните сакаат луѓе со став, со морал и со резултати.”,додава Филков.
Формирана е и силна градска организација на ЗНАМ за Скопје со истакнати интелектуалци, спортисти, граѓански активисти, бизнисмени. ЗНАМ одлучи да оди со самостојни советнички листи на локалните избори.
,,Сакаме нова енергија и одговорност. Советите се срцето на локалната власт и таму ќе внесеме чесност и отчетност. Луѓето што ни се приклучија – не се декор, туку промена. Не се тука за сликање на билборди, туку за работа на терен. Во ЗНАМ градиме структура каква што одамна нѝ недостасува : луѓе со личен интегритет, независна кариера и јавен углед. Овие луѓе немаат потреба од политичка заштита – тие се тука затоа што сакаат да го вратат достоинството на локалната власт.
Одлуката да одиме со самостојни советнички листи беше многу јасна: сакаме да понудиме алтернатива. Сакаме граѓаните да знаат кого точно го избираат – луѓе што се отчетни пред граѓаните.
Советите во општините и Градот Скопје се вистинскиот мотор на локалната демократија. Таму се кројат буџетите, се донесуваат урбанистички планови, се одлучува за секојдневниот живот на граѓаните. Во Градот Скопје, досега, видовме само хаос, без лична одговорност. Затоа и сакаме нови гласови во советите – луѓе што нема да креваат рака по команда, туку по совест,вели Филков.
Очекува успех на изборите.
,,Да – и тоа не по инерција, туку затоа што сме различни. Не ветуваме чуда, туку чесна работа. Верувам дека граѓаните ќе препознаат искреност, став и интегритет. Нашата кампања нема да биде спектакл, туку борба за доверба. Ќе успееме затоа што нудиме нешто што одамна го нема на политичката сцена: нови луѓе, нови идеи и нула толеранција за криминалот и корупцијата”.
Во однос на прашањето дека многумина навестуваат дека ова ќе биде жешка политичка есен, Филков смета дека веројатно ќе биде динамична политичка есен – што е очекувано во период пред избори. Но, нашата цел, потенцира тој не е да влегуваме во валкани игри, туку да понудиме конкретни решенија и визија за напредок. Како Влада, остануваме посветени на принципите на транспарентност, правична постапка и владеење на правото.
Знаеме дека одредени политички структури ќе се обидат да креираат хаос и недоверба, особено кога губат влијание, но граѓаните сѐ повеќе ги препознаваат тие обиди.
“Овие локални избори се повеќе од натпревар за советнички места – тоа е прашање за тоа каква локална власт сакаме: дали повторно ќе дозволиме неодговорно и нетранспарентно управување, или ќе избереме луѓе што знаат, можат и сакаат да работат во интерес на граѓаните. Ние ќе поддржиме кандидати што покажуваат интегритет, визија и конкретен план за подобрување на секојдневниот живот.
Есента нема да биде удобна за оние што мислат дека можат да владеат без отчетност. Но ќе биде добра за сите што сакаат ред, правда и вистински резултати”,порачува Филков.
Интегрално соопштение / ПР