Филипини: Петмина загинати, над 130 повредени во земјотресот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Филипини Фердинанд Маркос Јуниор денеска изврши увид во штетите предизвикани од силниот земјотрес во северните провинции, во кој загинаа најмалку пет лица, над 130 лица беа повредени, а земјотресот предизвика и значителна материјална штета.

Loading...

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди планинскиот венец Кордилера, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и карпи.

Во земјотресот оштетени се стотици куќи и згради, а прекинати се и електричните и комуникациските линии.

Луѓето кампуваа во страв од последователни потреси

Маркос бил во провинцијата Абру, каде што беше епицентарот на земјотресот, за да ги посети жртвите, од кои многумина кампуваа во текот на ноќта во страв од стотици последователни потреси, рече министерот за социјална заштита Ервин Тулфо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руанда ќе прифати 250 мигранти од САД

„Претседателот сака и лично да биде сведок на потрагата и спасувањето, како и на операциите за помош на агенциите за жртвите од земјотресот“, додаде тој.

Националната агенција за катастрофи соопшти дека пет лица загинале, главно откако биле погодени од делови од урнати куќи или урнатини, а 131 лице биле повредени во земјотресот, кој се почувствувал дури и во областа Манила.

Оштетени се десетици болници и училишта, напукнати се патишта и мостови

Речиси 13.000 луѓе беа погодени од земјотресот, кој исто така оштети десетици болници, училишта, владини канцеларии, а патиштата и мостовите беа напукнати.

Филипините се наоѓаат на огнениот прстен на Тихиот Океан, каде што се случуваат околу 90 отсто од земјотресите во светот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Полска се подготвува невидена политичка војна

Земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала во кој загинаа повеќе од 220 луѓе во централниот дел на Филипините во октомври 2013 година, беше последниот силен земјотрес што ја погоди земјата.

Во јули 1990 година, повеќе од 2.400 луѓе загинаа на северниот остров Лузон во земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер, еден од најсилните што некогаш ги погодил Филипините.