Филипини: Не предизвикуваме конфликт во Јужното Кинеско Море

Сподели со своите пријатели

Филипините не предизвикуваат конфликт во Јужното Кинеско Море, изјави денеска воениот портпарол на земјата Медел Агилар, одговарајќи на обвинувањата на Пекинг дека Манила навлегува на кинеска територија.

Loading...

„Филипините не предизвикуваат конфликт. Ние се придржуваме до меѓународното право и го спроведуваме само домашното право, што значи дека ги следиме границите на нашите територијални води и ексклузивни економски зони, каде што имаме суверени права“, изјави Агилар за јавниот сервис ПТВ.

Ројтерс известува дека изјавата на филипинскиот функционер доаѓа еден ден откако кинескиот весник People’s Daily објави напис во кој се нагласува дека Филипините се потпираат на американската поддршка за континуирано да ја провоцира Кина, со „исклучително опасно однесување што сериозно го загрозува регионалниот мир и стабилност“, според Ројтерс.

Филипините ги негираа тие тврдења и ја обвинија Кина дека спроведува опасни маневри во регионот, кои понекогаш доведуваат до блиски средби на море, пренесува Танјуг.