Еден од најпознатите филипински острови, Коракај ќе биде затворен за туристите во наредните неколку месеци поради загриженост дека тоа мало, некогаш идилично летовалиште, е загадено со отпадна вода од канализација, соопштуваат властите на Филипини, а пренесува агенцијата Франс прес.
Филипинскиот претседател уништи автомобили вредни 1,2 милиони евра (ВИДЕО)
Претседателот на Филипини Родриго Дутерте наредик дека островот ќе биде затворен од 26. април на најмногу шест месеци, соопштил неговиот портпарол Хари Рок.
– Боракај во нашата држава е познат како рај и оваа привремено затворање е за да следните генерации исто така можат да уживаат во него, рекол Рок.
Таа одлуката ги загрозува работните места на илјадници луѓе на островот кој годишно вдомува два милиони посетители и допринесува милијарда долари на Филипините, навела агенцијата АФП.
Експертите сметаат и дека таа мерка е во спротивност со владината политика за развој на тој остров, вклучувајќи ги и неодамна одобрените 500 милиони долари за најавеното казино и новиот центар за одмор на Боракај.
Мистериозниот град во Тихиот океан е едно од најголемите археолошки чуда (видео)
Властите навеле дека одредени деловни објекти користеле дренажен систем на островот за испуштање на канализацијата во море.