Филипче стави потпис за набавка на 200.000 кинески вакцини

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче стави потпис на договорот за набавка на вакцини против коронавирусот. Станува збор за околу 200.000 дози кои ќе бидат набавени од кинеската компанија „Синофарм.

Loading...

Тие ќе треба да пристигнат до крајот на овој месец, но надлежните и натаму одбиваат да прецизираат точен датум.

Денеска го потпишав договорот за набавка на кинеската вакцина од производителот „Синофарм“. Обезбедуваме 200 илјади вакцини кои ќе стигнат во февруари, а точниот датум на испораката ќе биде утврден во следните денови. Ја почитуваме одредбата од договорот за тајност, податоците остануваат доверливи. Направивме детален план за процесот на вакцинација во три фази. Сите вакцини се безбедни и сигурни за граѓаните. Со имунизацијата почнуваме овој месец.

По колкава цена се набавени вакцините не е познато и веројатно никогаш нема да биде, со оглед дека тој дел од договорот е деловна тајна на барање на производителот „Синофарм“.

Никола Ивановски

Leave a Reply