Филипче: Не е исклучена можноста за задолжителна вакцинација

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека не ја исклучува можноста за задолжително вакцинирање против Ковид-19.

Loading...

– Апсолутно мислам дека дополнителна мерка, во смисла на некаква форма оваа вакцина да биде задолжителна согласно искуствата и примерите од другите земји кои ќе ги даваат во периодот пред нас, не е исклучена. Додека сето тоа се осмисли, да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат, остануваме со овие мерки, посочи Филипче.

Сепак, додава дека сѐ уште е рано за ваква мерка кај нас. Вели дека воведување карантин во состојба кога скоро половина од населението е вакцинирано не би требало да биде опција.

– Сметам дека генерално карантинизирање, во смисла на рестрикција на движење, сега во ситуација кога имаме близу 50 проценти опфат на вакцинација, не би требало да е опција, но не знаеме што може да се случи, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата вчера  донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив.

Министерот вели дека важно е да вакцинацијата се зголеми преку апели и преку мерката со матичните лекари. Добро е, вели Филипче, апели да и има и од големите компании кон нивните вработени.

Никола Ивановски