Филипче: Ќе мора да научиме да живееме со вирусот

Сподели со своите пријатели

Точно три месеци од првиот случај на коронавирусот денеска започнува олабавување на рестриктивните мерки, но како што рече министерот за здравство Венко Филипче, вирусот е тука и ќе мора да научиме да живееме со него.

Loading...

Според него многу граѓани досега биле жртва на несовесните кои не ги почитувале мерките.

– До овој момент многу граѓани беа жртва од оние кои не ги почитуваа овие мерки. Три месеци интензивно работиме, првата битка е добиена, но бробата трае и ќе трае, вирусот нема да замине, ќе мора да научиме да живееме со вирусот, тоа го прават сите земји во светот и затоа ослободувањето и попуштањето на рестриктивните мерки оди со меките мерки, носење маска, одржување дистанца и миење или дезинфекција на рацете. Огромен број граѓани се придржуваат до мерките, но голем дел тоа не го прават и некои дури не веруваат во постоење на вирусот, изјави Филипче.

ПОВРЗАНО:

По три месеци од првиот регистриран случај, како што вели министерот Филипче, денеска сме на крстосница дали да продолжиме да го враќаме животот во нормала, да се отворат угостителските објекти, бизниси, а постепено и границите или ако тие мерки не се почитуваат агонијата да продолжи и по неколку месеци да се воведуваат повторно рестриктивни мерки.

Сите досега донесени мерки, како што рече Филипче се исклучови на бројки и анализи на Комисијата за заразни болести.

– Денеска имаше повеќе наслови во медиумите и дел од нив укажуваа дека овие мерки кои сега Комисијата за заразни болести ги предлага се резултат на парамедицина, тоа не е точно. Сите мерки досега се врз основа на наука и бројки и тоа се мерки во сите земји во светот, дистанца, маски, дезинфекција, има модификации од куртуролошки и демографски карактеристики но тоа се мерки во сите земји во светот, рече Филипче.

Како што рече Филипче вирусот е тука и ќе биде тука, во исчекување на вакцина и стекнување колективен имунитет, но тоа е далеку. Сега голем дел од борбата со вирусот паѓа на свеста на граѓаните, да се носат заштитни маски, да се одржува физичка дистанца и да се прави редовна дезинфекција.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply