Министерот за здравство Венко Филипче утринава беше во посета на кумановската болница.
Како што напиша на својот фејсбук профил, работата на болницата се одвива непречено и организацијата е добра.
– Откако 18 вработени се дијагностицирано со Ковид-19, направена е добра реорганизација на работата. Од пред неколку дена во поддршка на вработените на инфективното одделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени. Во кумновската болница има вкупно 700 вработени. Покрај 18 кои се заболени од Ковид-19 нема друг персонал кој е во самоизолација, вели Филипче.
Според директорката на болницата Снежана Захариева, установата располага со доволен број заштитна опрема која постојано се надополнува.
– Министерството за здравство продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и доколку има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси итно ќе реагира, вели министерот Филипче.
Никола Ивановски