Филип Симоновски е новиот претседател на Општинскиот комитет на Унијата на млади сили од Куманово.
Со одлуката на партиското раководство на УМС, а со поддршка на претседателот Лука Кржалоски, како и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кумановецот Филип Симоновски од денеска ја презема функцијата на огранокот.
– Ветувам дека младите во Куманово ќе добијат вистински лидер, кој ќе се залага за решавање на сите проблеми на младите во градот без разила на нивната етничка вероисповед, националност и религија, вели Симоновски.
Претходно функцијата претседател на УМС Куманово ја извршуваше Марио Цветковски.