Млад, енергичен и харизматичен, има 23 години, а веќе работи на својата втора книга, паралелно студираше на инструменталниот оддел при Факултетот за музичка уметност, каде свиреше на фагот. Слободоумноста ја пренесува и на хартија, а за разлика од порано, сега наместо љубовта често прави комбинација од повеќе теми.
Пред неколку месеци го промовираше своето прво дело „Светот во световите“, а веќе наскоро можеме да го очекуваме продолжението. Тоа беше причина да поразговараме со младиот уметник од Куманово.
КМ: Пред неколку месеци ја промовираше книгата „Светот во световите“. Која е тематиката на истата?
– Книгата „Светот во световите“, беше промовирана пред публиката пред нешто повеќе од 6 месеци. На промоцијата имаше голем број на љуѓе и љубители на пишаниот збор. Беа присутни и млади и стари. Беше тоа една необична вечер за промоција на книга за сите присутни рецептори на креативноста и уметноста преку драмски и музички точки. Спој од филозофија, психологија и спиритуалност, генерички склопено со метафорична кохезија , ја претставуваат тематиката на ова книга.
КМ: На какви реакции наиде по објавувањето на своето дело и како тоа влијае на еден млад автор?
– Искрено, кога ќе ми го постават ова прашање, неизмерна, а во исто време и скромна насмевка ми се оцртува. А среќата и замислената цел се претопуваат во едно чувство.До сега, можам да кажам дека ми се јавија голем број на читатели , кои ми рекоа дека книгата допрела длабоко во нивната внатрешност на душата. Не би можел да го најдам правиот термин како тоа влијае на мене… зарем има нешто поубаво и појако од тоа да допреш во нечија душа и во нечие срце и да оставиш белег , белег кои ќе роди имплуси на среќа, исполнетост и позитивни емоции во човекот?



