Изминатиот викенд во Босна и Херцеговина се одржа Меѓународнот клубски турнир во кик-бокс „Сараево Опен“ каде со свои натпреварувачи учество зеде и клубот „Куманово 2006“.
Loading...
Успех забележа Филип Наковски кој го освои сребрениот медал во дисциплина кик-лајт во категорија до -84 килограми. Во финалето во една изедначена и гладијаторска борба беше поразен од натпреварувачот од Тузла, Сеид Мехмиќ.
Задоволен сум од прикажаните борби и од успехот на Филип Наковски. Да се надеваме дека и во иднина ќе освојуваме вакви награди. Сакам да им се заблагодарам пред се на градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, и правните субјекти – КАТ-ИНГ Скопје, Мултимедиа НЕТ, Еврос Куманово и Делукс ДООЕЛ за помошта што ја дадоа за да може да го организираме ова патување и учество на турнирот – изјави Сашо Илиевски, тренер на Кик-бокс клуб „Куманово 2006.
Инаку, Илиевски беше предводник на сите македонски натпреварувачи кои заедно освоија вкупно 19 медали. На крајот како награда го прими пехарот за најуспешна држава во екипен пласман.