Филип Наковски со бронза од Балканското кик бокс првенство

Сподели со своите пријатели

Филип Наковски од Кик-бокс клубот Куманово 2006 освои бронзен медал на Балканското првенство кое од 21. до 24. јуни се одржуваше во Сараево, Босна и Херцеговина.

Наковски се натпреваруваше во дисциплината кик лајт и освои 3. место, со оглед дека во полуфиналето се сретна со Милутин Николиќ од Србија и во изедначена борба со удари од двете страни загуби на поени. Токму Николиќ подоцна го освои и првото место.

– Но, со оглед на силната конкуренција и самото учество и бронзениот медал го сметаме за успех. После неколку добри настапи и првите места што ги имаше Филип на државните првенства доби повик од селекторот Дејан Митровски – Урко да учествува на ова еминентно натпреварување и достојно го претстави градот и државата во што и успеа, вели Сашо Илиевски, тренер на КБК Куманово 2006.

 

Loading...

 

Поради финансиски средства Наковски беше принуден сам да замине на Балканското првенство, без својот тренер, кој можеше да му биде поддршка и да го насочува во борбата.

– За жал во неговиот агол јас како негов долгогодишен тренер не можев да бидам присутен, можеби успехот ке беше поголем, но не бевме во можност да издејствуваме доволно финансиски средства за да може и двајцата да патуваме. Благодарност до Градоначалникот и Општински сојуз на спортови на градот Куманово кои помогнаа Филип да биде дел од ова натпреварување, додава Илиевски.

 

 

Македонската репрезентација, настапи на првенството како членка на светската WAKO организација и дома се врати со вкупно пет златни, 11 сребрени и шест бронзени медали.

Leave a Reply