Филип Морис повика на укинување на цигарите за 10 години

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на компанијата што ги произведува цигарите „Марлборо“ изјави дека компанијата предвидува крај на продажбата на традиционални цигари во Велика Британија во рок од 10 години.

„Сакам да и овозможам на оваа компанија пушењето цигари да го остави во историјата“, изјави Џек Олчак, извршен директор на „Филип Морис Интернешнл“, за лондонскиот дневен весник „Меил“.

„Мислам дека во Велика Британија за максимум десет години, проблемот со пушење цигари може целосно да се реши“, рече тој.

На прашањето дали тоа значи дека „Филип Морис“ ќе престане да продава цигари во Велика Британија во тој период, тој рече: „Апсолутно!“.

Олчак исто така рече дека брендот „Марлборо“ ќе „исчезне“ од Велика Британија.

Со години „Филип Морис“ вели дека неговата иднина не ги вклучува цигарите „Марлборо“, додека се префрла на електронски уреди за тутун. Компанијата постави цел да ги замени цигарите со алтернативи, како што е системот за загреан тутун IQOS, без согорување.

Целта на „Филип Морис“, како што беше објавено, е да стане главна компанија „без чад од тутун“ во однос на нето приходите до крајот на 2025 година.

Во јули 2019 година, британската влада соопшти дека сака да стави крај на пушењето цигари во Англија во 2030 година.

„Philip Morris International Inc.“ беше одделена од тутунската компанија Алтрија во 2008 година за да се фокусира на продажба на пазарите во развој, додека Алтрија работи на домашен, американски пазар и е матична компанија на Philip Morris USA.

Leave a Reply