Филаделфија повторно го воведува задолжителното носење маски

Сподели со своите пријатели

Американскиот град Филаделфија е првиот поголем град во САД кој повторно го воведе задолжителното носење маски во затворени простории по остриот скок на инфекциите со коронавирус, а главната здравствена службеничка рече дека сака да спречи можен нов бран на инфекција поттикнат од супваријантата на сојот омикрон.

Loading...

Потврдениот број на заразени во градот е зголемен за повеќе од 50 проценти во последните десет дена, што е граница од која се воведува задолжителното носење маски во затворени простории според градските насоки, изјави комесарот за здравство, д-р. Шерил Бејгол.

Здравствените власти веруваат дека неодамнешниот пораст на инфекцијата е поттикнат од високо преносливата омикронска подваријанта BA.2, која брзо се прошири во Европа и Азија и стана доминантна во САД во последниве недели.

„Ако не дејствуваме сега знаејќи дека секој претходен бран на инфекции беше проследен со бран хоспитализации, а потоа и бран смртни случаи, тогаш за многу наши граѓани ќе биде доцна“, рече Бетигол.

Таа рече дека околу 750 граѓани на Филаделфија починале во зимскиот бран на омикрон.

Според неа, сега е шансата да се оди пред пандемијата, да се стават маски додека не се добијат повеќе информации за сериозноста на новата варијанта.

Маските повторно ќе бидат задолжителни во затворениот простор од 18 април, а градот таа обврска ја укина на 2 март.

Откако беше укината обврската за носење маски, бројот на потврдени случаи се зголеми на повеќе од 140 дневно, сè уште само мал дел од бројот на врвот на омикронските напади, додека само 46 пациенти се во болници од Ковид-19.

Loading...

Повеќето американски држави и градови го укинаа задолжителното носење маски во февруари и почетокот на март по новите инструкции од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој повеќе се фокусира на капацитетот на болниците отколку на бројот на заразени.

ЦДЦ изјави дека во време кога вирусот се повлекува, повеќето Американци можат безбедно да ги симнат маските.

Центарот наведува дека ширењето на инфекцијата во заедниците во Филаделфија е сè уште ниско и дека е на ниво каде носењето маски може да биде опционално.