Фигура стаара 2,5 милиони години веќе половина век ги збунува научниците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фигура која наликува на кукла, пронајдена е кон крајот на 19 век, но објаснувањето за нејзиното создавање, но и како се нашла илјадници километри од местото каде се пронајдени слични фигури, се уште ги збунува научниците.

 

Loading...

 

При ископувања во државата Ајдахо, САД, работници пронашле глинена фигуричка, за која археолозите тврдат дека е во прашање уметничко дело од плеистоценскиот период од пред 2,5 милиони години.

– Фигурата не ја направило дете ниту обичен човек. Ова е дело на уметник, а на тоа укажуваат геометриските форми со кои е прошрана, а најверојатно претставуваат обележје на облека, велат познавачите.

https://youtu.be/DYlt1XQQ6YI

Археолозите сметаат дека ова е една од првите фигури кои ги направил хомо сапиенсот.

Самата фигра, пронајдена е на длабочина од 90 метри, со многу чудна форма  голема глава. Иако поприлично е уништена, нејзиниот изглед и натаму е едиснтвен.

Фигурата е пронајдена на локалитетот кој претходно бил познат за археолозите, меѓутоа она што е особено интересно е што ваквите фигури ги карактеризираат земјите и племињата на Африка, а не се типични за „новиот свет“, кој во текот на периодот пред две милиони години, воопшто не бил откриен.

Фигурите кои се изработени од глина, а осликуваат човек, се најраспространети на територијат ана Африка. Оваа фигура, сепак, оштетена е поради лошите услови во кои се наоѓала, па така и недостасува еден дел од ногата, а многу цртежи по неа избледеле.

Но, како фигурата доспеала во Америка?

Додека некои веруваат дека фигурата дошла до американска територија со луѓе кои патувале до новиот континент, други веруваат дека се во прашање климатски и други природни промени кои куклата ја закопале толку длабоко во земјата. Аерхеолозите предупредуваат на тоа дека ниту еден артефакт кој е сличен на овој не бил пронајден на територијата на новиот свет, што само може да ги потврди теориите за еволуција и движење на човекот по планетата.

 

 

Loading...

Со оглед дека овој локалитет во Ајдахо бил откриен претходно и неколку пати истражуван, а ниту една друга фигурна не била пронајдена, мистеријата како точно оваа дошла на американско тло, можеби никогаш нема да биде решена.

Leave a Reply