Фиат ќе произведува само електрични автомобили

Сподели со своите пријатели

До крајот на оваа деценија италијанскиот производител на автомобили „Фиат“ ќе произведува само електрични модели, потврди извршниот директор Оливие Франсоа.

Loading...

„Ние го истражуваме полето на одржлива подвижност за сите: ова е нашиот најголем проект. Помеѓу 2025 и 2030 година, нашата линија на производи постепено ќе стане електрична. Тоа ќе биде радикална промена за Фиат“, изјави тој во изјавата испратена непосредно пред Светскиот ден на животната средина, пренесува Танјуг.

Пред нешто повеќе од една година, Fiat го претстави својот нов, целосно електричен модел 500e, а Франсоа изјави дека и спортската електрична верзија Abarth за 500e е во завршна фаза на развој.

Да не чини повеќе од „обичните“ автомобили

Оваа најава е поврзана со средбата што извршниот директор ја имаше со архитектот Стефан Боери, можеби најпознат по станбените кули на Боско Вертикал во Милано, покриени со дрвја и вегетација.

Двајцата разговарале за потребата од итни промени во урбаните области, за кои Боери рекол дека се одговорни за 70 проценти од глобалните емисии на јаглерод.

„Наша должност е да понудиме електрични автомобили на пазарот што е можно поскоро кои не чинат повеќе од оние со мотор со внатрешно согорување, а во согласност со падот на трошоците на батеријата“, рече Франсоа.

Тој рече дека познатата кровна патека во старата фабрика на Фиат, Лингото во Торино, наскоро ќе добие зелена трансформација во форма на обесени градини со околу 28.000 садници.

Loading...

Leave a Reply