„Фиат“ излета кај Страцин, возачот тешко повреден

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен возач се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола и удрил во заштитна ограда кај селото Страцин.

– На 04.11.2025 околу 12:15 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат кај с.Страцин, на место викано ,,Чатал“- кратовско, патничко возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(34) од Скопје, удрило во заштитна ограда, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува серија дождливи денови

Никола Ивановски