Според измерените температури на воздухот во февруари 2017 година беше потопол од просекот со позитивни отстапувања кои се најголеми во западниот дел, а најмали во југоисточениот дел на дравата.
Средните февруарски температури, споредбено со многугодишните просечни вредности на УХМР тие биле повисоки за два до четири степени.
Исто така, средните максимални и минимални вредности на температурата на воздухот биле со над просечни вредности. Високите температури на воздухот биле забележани во третата декада од месецот, но не и рекордни вредности.
Во текот на изминатиот месец не биле регистрирани врнежи од снег, ниту значителни врнежи од дожд. Најголема месечна сума на врнежи била измерена во Маврово и Лазарополе.
Месчните количеста на врнежите во Република Македонија се под просечните вредности, а како што стои во месечниот извештај на УХМР најголем недостаток на врнежи бил регистриран во Пелагонискиот регион.