Фестивалска недела во Куманово: Пет фестивали со музика за сечиј вкус (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пет фестивали неделава ќе се одржат на Градскиот плоштад во Куманово во рамки на т.н. Кумановско културно лето.

Loading...

Настаните се во организација на Фондацијата за култура и спорт и неколку невладини организации, а со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

 

 

Како што информираше денеска на прес конференција раководителот на Секторот за култура, Александар Крстевски, фестивалските денови ги отвора Тумба фест, а се затвораат со Тумбсток.

– Оваа манифестација би сакале следната година да биде уште поголема, се зависи од финансиските средства. Гледаме дека граѓаните го прифаќаат ова културно лето кое трае неколку дена, рече Крстевски.

 

Loading...

 

Првиот фестивал во рамките на оваа програма е Тумба фест, кој ќе се одржи во четврток со почеток во 20 часот.

Како што информираше Драган Јакимовски, организаторот на оваа манифестација, станува збор за 13 издание и годинава ќе се одбележат 30 години од првото појавување на фестивалот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Чест и гордост е да се служи во АРМ, нека ви е вековит денот

– Оваа година имаме 18 нови песни. Предизвик пред нас беше сето тоа да биде најквалитетно што се можеи се надеваме дека успеавме во таа мисија. Годинава Тумба фест се организира по еден поинаков терк, водители ќе бидат нашите сограѓани Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ, изјави Јакимовски.

 

 

Loading...

Меѓу изведувачите ќе бидат Нино Величковски, Ташко Георгиевски, Катерина Брезева и други.

Од Тумба фест атмосферата се сели на рок фестивалот на албанска музика „Кенга Епике“, на кој ќе бидат изведени стари песни преработени во рок метал верзија.

– По осумте изработени песни, ќе имаме познат бенд од албанската музика што ќе почне и ќе го заврши фестивалот, околу 12 часот. Станува збор за втора едиција и се надеваме дека ќе продолжи и следните години како традиционален рок фест. Кумановското лето е една добра организација што ги има сите жанрови, сите настапи што чекаат луѓето да слушнат добра музика, ќе има од сите жанрови, така да ги очекуваме луѓето да дојдат и уживаат, изјави Бесим Мифтари, организатор на фестивалот, кој започнува во петок од 20 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 1,70 промили. Полицијата го привела.

 

 

Во петок, по 21. пат ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал, а како што изјави организаторот Нино Величковски, годинава ќе има убава понуда.

– Годинава нудиме наш Тамбурашки оркестар од Свети Николе, тоа се прекрасни луѓе, групата Табиет, ќе имаат програма од триесетина минути, за да по нив настапи КУД „Гусле“ од Кикинда, во рамки на друштвото постои тамбурашки оркестар и на крај нешто што е најдобро во тамубаршката музика, тоа е Бранко Бако Јовановиќ со својот оркестар со интернационални музичари од Австрија, Шведска и Унгарија кои ќе настапат последни со околу 90 минути програма, изјави Величковски.

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарникарите во Куманово вчера со 12 интервенции, видено едно лице како потпалува

 

Во сабота ќе се одржи традицоналниот фестивал на лимено-дувачки инструменти Рома Труба Фест.

Културното лето ќе заврши со фестивал за младата публика „Тумбсток“. Станува збор за фестивал на хип-хоп музика, кој по петти пат во недела ќе се одржи на кумановскиот плоштад.

– Оваа година се дружиме со многу ѕвезди. Настанот ќе започне со локални артисти кои ќе го искористат да се промовираат, а потоа во текот на вечерта ќе настапат Пајак, Таско и нашиот кумановец Лука Чомбе. Ве повикуваме сите да уживаме, да го затвориме оваа културно лето и да уживаме заедно, изјави Александра Тасиќ, од организацијата на фестивалот.

Loading...

 

 

Сите настани ќе се одржуваат на Градскиот плоштад со почеток од 20 часот, од четврток до недела.

Никола Ивановски

Loading...