Фестивалот „Денови на комедија“ сепак ќе добие пари од Министерството за култура

Сподели со своите пријатели

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово доби 600.000 денари од Министерството за култура за организирање на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

По бурните реакции на јавноста по првичните резултати за поддршка на културни настани од страна на ресорното министерство, каде не беа предвидени средства за фестивалот стар повеќе од 20 години, Комисијата одлучи сепак да го поддржи овој културен настан од голема важност за Куманово.

– По првично објавените резултати, откако беа увидени формални недостатоци во документацијата на дел од пријавите и во согласност со Законот за општа управна постапка (член 39 став 3) на апликантите им се даде можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за нив. Исто така, беше извршен и детален преглед на бодовите за секоја ставка од конкурсите, а беа одржани и средби со дел од културните оператори, стои во соопштението на веб сајтот на Министерството за култура.

Иако кумановскиот Центар за култура побарал два милиони денари за манифестацијата, министерството одлучи да додели значително помалку, односно само 10.000 евра.

Leave a Reply