Ферари ја исполнува секоја желба: Купувачот барал седишта обложени со фармерки (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ferrari SF90 Stradale Asseto Firoano, plug-in хибрид со 1.000 КС, е опремен со тексас седишта, а контролната табла на автомобилот е обложена со истиот материјал.

Loading...

Се чини дека Ферари е подготвен на разни компромиси за да ги задоволи желбите на својата богата клиентела, па во понудата на персонализирана опрема ги вклучи и фармерките. И навистина, тој материјал постои во каталогот на декораторите на Ферари, кои опремиле еден SF90 Stradale со необичен материјал наречен Kuroki Superstone Bleach Denim.

Оваа копија ја нарачал купувач од Америка, а необичното Ферари е фотографирано во изложбен салон во Форт Лодердејл, Флорида. Идниот сопственик издвоил нешто повеќе од 500.000 долари за автомобилот опремен на овој начин.

 

 

А ако еден ден му здосадат фармерките, добрата вест е што секогаш може да се врати на кожа или алкантара, како традиционален избор на материјал во внатрешноста на Ферари.

Ferrari SF90 Stradale Asseto Firoano е plug-in хибрид со 1.000 КС, во чиешто срце е 4.0 V8 со турбополнач со 780 „коњски сили“ (573 kW) и 800 Nm максимален вртежен момент.

Loading...

Италијанскиот производител додаде уште три електромотори, кои заедно произведуваат 220 КС (162 kW). Два електромотори ја придвижуваат предната, а третиот задната оска.

Електричните генератори се напојуваат од литиум-јонски батерии со капацитет од 7,9 kWh. Силата се пренесува на сите 4 тркала преку 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

 

 

Преведено во бројки, перформансите се следни: автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 2,5 секунди, а од 0-200 km/h достигнува за само 6,7 секунди. Максималната брзина е 340 km/h.